Четвртиот ден од протестот на здравствените работници продолжи и понатаму се до финално разрешување на проблемот.

Протестот започна поради незадоволството на здравствените работници, бидејќи Град Скопје им го покачи паркингот на Клинички центар како една од мерките против загаденоста на воздухот.

Но од вчера протестот на здравствените работници од Клинички се зголеми со уште едно барање за покачување на платите. Бидејќи ги немаат добиено ветените 100.000 денари но исто така при новото зголемување најавено од министерот ги подели здравствените работници. Тие се против поделба на вработените бидејќи така влијае и на квалитетот на здравствените услуги.

Вработените кои протестираа, најавија во текот на вчерашниот ден дека бидејќи не наишле на разбирање и на конструктивен разговор со министерот, барањето за платите ќе го продолжат со Зоран Заев, премиерот на РМ. Во меѓувреме се прекинува со протестот.