Според информациите од Министертвото за Внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие вкупно 41 лице не го почитувало полицискиот час од 21:00 (04.05.2021) до 05 (05.05.2021) часот.

На територијата на Република Македонија регистрирани се 401 прекршок во однос на мерката за носење на лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.