Во Кина откриени нови 57 случаи на коронавирус, епидемијата се врати

Во текот на изминатото деноноќие кинеските здравствени власти откриле нови 57 случаи на зараза со коронавирусот, а регистрирани се и девет асипмтоматски случаи, двајца пациенти се опоравиле од болеста, а…

Во текот на изминатото деноноќие кинеските здравствени власти откриле нови 57 случаи на зараза со коронавирусот, а регистрирани се и девет асипмтоматски случаи, двајца пациенти се опоравиле од болеста, а нема починати, соопшти Државната комисија за здравство. Притоа се потенцираше дека од 57-те нови случаи, 38 се локални од кои 36 се заразени во Пекинг и двајца во провинцијата Лиаонинг, додека 19 случаи се „увезени“ односно лица кои од странство допатувале во Кина, и тоа 17 во Гуангдонг и по еден случај во Шангај и Чонгкинг.

Поради десетиците позитивни на коронавирусот во Пекинг, во саботата итно беше воведен карантин за 11 квартови на главниот град, откако во четвртокот по цели дава месеца беше откриен првиот нов случај на заразата во градот.

Властите затворија пазар за месо и зеленчук, како и пазар за морски плодови кој го посетило едно заразено лице, за да спроведат дезинфекција и земале примероци за анализа. Во саботата утрото доброволци ги посетуваа граѓаните по нивните домови во неколку населби во Пекинг, за да утврдат кој бил на двата затворени пазара. Властите, исто така, најавија скорешно организирање тестирање од широки размери за сите лица кои биле во некаков контакт со овој пазар од 30-ти мај. Затворени се девет училишта и детски градинки. Пекиншките власти во петокот го одложија враќањето на учениците во основните училишта и ги суспендираа сите спортски настани. Откажани се и многу популарните групни туристички посети на Пекинг од другите покраини.

Севкупно во текот на епидемијата во континентална Кина откриени се 83.132 случаи на инфекција со новиот коронавирус, досега се оздравени 78.369 пациенти а уште 129 пациенти со Covid-19 се лекуваат во болниците. Од ткн „увозни“ случаи регистрирани се досега 1.827 заразени од кои оздравеле 1.744 луѓе. Кинеските власти објавија дека бројот на починатите останува 4.634 лица.


Related Articles