Кина целосно го затвори градот Јужоу со повеќе од милион жители, откако беа откриени три нови случаи на Ковид. Општинските власти во Јужоу во провинцијата Хенан објавија дека сите 1,2 милиони жители ќе бидат затворени во своите домови откако во неделата беа пријавени само два асимптоматски случаи, а третата локално пренесена асимптоматска инфекција беше откриена вчера, пренесуваат светските медиуми.
Работата е забранета за сите освен продавниците за храна, аптеките и енергетските компании, а на работниците им е дозволено да одат на работа откако ќе покажат негативен тест за Ковид 19, соопшти владата.
Кина пријави 108 нови локални случаи во три провинции во понеделникот, вклучувајќи 95 во северозападната провинција Шанкси, осум во југоисточниот Жеџијанг и пет во Хенан, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија (НХЦ). Во Кина исто така е потврден 21 нов локален асимптоматски случај, вклучително 19 во Хенан и два во Шангај, соопшти НХЦ.