Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17 049, бројката на оздравени пациенти е 14 186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во: Скопје 598, Куманово 188, Тетово 178, Прилеп 127, Струмица 122, Кочани 117 и Гостивар 107.

Досега во земјата се направени вкупно 179 404 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Во однос на скопските општини, денешната прераспределба на активни случаи, по завршените епидемиолошки анкети изгледа вака:

• Чаир – 67

• Гази Баба – 74

• Аеродром – 86

• Карпош – 71

• Центар – 83

• Кисела Вода – 58

• Ѓорче Петров – 38

• Бутел – 33

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 11

• Сарај – 13

• Арачиново – 9

• Илинден – 16

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково – 2

• Странец – 7

• Нераспределен-1