Во Македонија 48 лица имаат коронавирус, уште 35 се тестираат

Денес се дијагностицирани 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. Со ова, бројот на заболени во Македонија достигна 48. Меѓу новите пациенти е и 4-годишно девојче кое се инфицирало во градинка…

Денес се дијагностицирани 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. Со ова, бројот на заболени во Македонија достигна 48.

Меѓу новите пациенти е и 4-годишно девојче кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14-ти март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт со лице од претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Овие информации ги потврди министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција во македонската Влада.

Информира дека девојчето е сместено со мајката на инфективно одделение, а ќе се земаат и дополнителни материјали.

-Во овој момент се тестираат 35 лица. Сите пациенти се стабилни во практично непроменета слика, како на Клиника така и во Дебар. Пациентката која е на респираторна машина нема влошување на состојбата. Направена е домашна визита кај сите кои се на домашно лекување, дадени на алгоритам како на самоизолација така и во текот на лекувањето. Направивме план за ставање на третман на овие пациенти со вирус за сместување во „8-ми Септември“, со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип на лекарска интервенција на пациенти кои се сомнителни или веќе е потврден коронавирус, истакна Филипче.

 


Related Articles