Како што коронавирусот продолжува да се шири низ светот, многу земји преземаат мерки за да ги намалат последиците и да го спречат дополнителното заразување на населението. Но има земји во кои нема случаи на заразени со коронавирус.
Според податоците, само 22 земји во светот може да се пофалат дека немаат ниту еден случај на заразен со коронавирус во нивните граници. Сите овие земји се во Африка, Азија и Океанија.
Јемен, со население од околу 29 милиони луѓе, е најголемата држава по број на жители што сè уште нема случај на коронавирус.
Втората најголема земја што нема заразен со коронавирус е Северна Кореја, чие население брои 25 милиони луѓе. Сепак, земјата ставила во карантин 10.000 луѓе, а според медиумите, лидерот Ким Јонг-ун го напуштил Пјонгјанг за да го спречи потенцијалното заразување. Светската здравствена организација изјавила дека се сомнева дека има случаи на коронавирус во земјата.
Во африканската земја Малави нема коронавирус, но претседателот Питер Мутхарика го прогласил вирусот за национална катастрофа за да го спречи потенцијалното ширење на вирусот во земјата. Сите училишта и факултети се затворени и забранети се јавните собири со повеќе од 100 лица.
Бурунди во март ги забрани сите меѓународни летови за да го спречи влегувањето на вирусот во земјата. Јужен Судан ги затвори сите аеродроми и граници во обид да се заштити од вирусот.
Во продолжение следуваат сите земји во кои не се пријавени случаи на коронавирус.
Африка: Малави, Бурунди, Јужен Судан, Сиера Леоне, Боцвана, Лесото, Коморски Острови, Сано Томе-и-Принсипе.
Азија Јемен, Северна Кореја, Таџикистан, Туркменистан.
Океанија, Соломонски Острови, Вануату, Самоа, Кирибати, Микронезија, Тонга, Маршалски Острови, Палау, Тувалу, Науру.