Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по 8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 311 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип – по 9, Валандово и Велес – по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3, Кичево – 2, Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.