Вчера вечер по повод Светскиот ден на хипертензија се одржа трибина во Градската библиотека ,,Борка Талески” – Прилеп под мотото „Мерете го вашиот крвен притисок, контролирајте го, живејте подолго”. Д-р Мелина Кузмановска Димитрова во своето едукативно предавање се осврна на причините за појава на хипертензија, симтомите, превенција и лекување како и информации во однос на третманот.
Конзумација на помалку заситени, а повеќе здрави масти и целозрнеста храна богата со растителни влакна: зеленчук, овошје, риба, јаткасти плодови, незаситени масти, избегнување обезност, физичка активност, намален внес на кофеин, справување со стресот, минимална конзумација на алхохол – ова се модифицирачки фактори во однос на хипертензијата објасни д-р Мелина Кузмановкска Димитровска.
Д-р Трајче Ржаниковски пред присутните на оваа трибина се осврна на артериска хипертензија, дефиниција, поделба, мерење и третман. Светлана Колариќ, доктор по ветеринарна медицина – област безбедност и квалитет на храна сподели корисни информации поврзани со храна, задолжителното означување на нутритивни состојки и избор на соодветна храна –масти, јаглени хидрати, протеини, сол.
Едукативната трибина беше во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и ОК Прилеп.