Во Романија започна вакцинирањето на деца на возраст меѓу 12 и 15 години. Децата ќе се вакцинираат со вакцината на Фајзер/Бионтек, а ќе се дава само на оние кои ќе имаат претходно потпишана согласност од родителите.

Здравствените власти во Романија имунизирањето на најмладите ќе го вршат во главниот град Букурешт, каде ќе бидат поставени два мобилни пункта со локација во еден од градските паркови. Вакцинирањето ќе се одвива доброволно за оние кои имаат желба да го сторат тоа.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера ја одобри употребата на вакцината на Фајзер/БиоНТек за деца на возраст од 12 до 15 години, но засега нема официјална согласност од Европската комисија.