Во текот на вчерашниот ден вкупно 13 592 граѓани се вакцинирале на вакциналните пунктови во државата. Прва доза на вкацини примиле 2.411 граѓани, а ревакцинирани се 71.060 граѓани. Заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 233.844 граѓани, а аплицирани се 304.904 дози вакцини, информираат од Министерството за здравство.

Процесот на вакцинација се одвива непречајно на сите пунктови во државата, а на веб страната вакцинација.мк досега се пријавиле 429 464 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 34 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.