Пандемијата на коронавирусот САД во петокот достигна уште една црна карактеристика, вкупниот број починати од Covid-19 ја надмина бројката од 900.000, податоците кои ги собрала новинската агенција Reuters.
Според податоците кои Reuters ги собирал на дневно ниво од американските сојузни држави, вкупниот број Американци кои починале од компликации поврзани со Covid-19 од првиот потврден случај на почетокот од 2020 година до овој потег достигнал најмалку 904.067 луѓе, што, за споредба, е повеќе отколку што сојузната држава Северна Дакота има жители.
САД, така бележат најголем број починати од коронавирусот во светот, а го следата Бразил, Индија и Русија, кои заедно бележат повеќе од 1,8 милиони починати. Сепак, кога се пресметува бројот смртни исходи од коронавирусота по глава на жител, САД се на 20-то место во светот, занчително под Перу и Русија, кои според овој критериум пресметан од Reuters имаа најголем број починати.
Меѓутоа, се чини дека бројот на починатите од Covid-19 во САД се намалува, со намалувањето на бројот на заразените со омикрон сојот, исто така според податоците на Reuters. Така, седумденвниот просек на починат во последните два дена бил 2.592, додека во пикот на епидемијата од оваа варијанта на коронавирусот во просек дневни умираат по 2.674 Американци. За споредба, во пикот на заразата со делат сокот, во јануари 2021 година во просек дневно беа пријавувани по 3.300 починати од Covid-19.
Во САД бројот на потврдени заразени лица во просек се движи околу 354.000 дневно, што е половина помалку од пред две седмици и значително помалку од пикот со речиси 806.000 заразени дневно на пикот на петтиот бран од епидемијата кон средината на јануари. Сепак, здравствените власти веалт дека има и многу заразени кои не се пресметуваат во официјалните бројки, бидејќи заразата ја потврдуваат со домашни тестови, за што не ги известуваат здравствените власти.
Во моментов ширум САД се хоспитализирани 117.000 лица заразени со коронавирусот, додека на 20-ти јануари бил врвото во овој бран со речиси 153.000 хоспитализирани.