Во Србија од јули минатата година па се досега, осум бремени жени починале како резултат на последици од коронавирусот, соопштуваат српските медиуми.
Црната серија започнала со смртта на А.П. (27) која починала еден час по породувањето со царски рез. За жал, ниту бебето не преживеало. Една недела потоа, починала Б.И. (34), детето преживеало. М.П. (27) починала откако родила здраво девојче.
М.Р. (31) починала во болницата „Ковид“ во Крушевац. Била бремена 8 месеци. А.И. (23) починала кон крајот на септември откако родила девојче.
Јована Петровиќ (20) од Књажевац во Србија била во четвртиот месец од бременоста. Носела близнаци. Требало да се омажи, а била единствено дете. Нејзините родители останале без неа и внуците откако добила корона. Јована не била вакцинирана и починала во болница во Ниш. Таа е шестата бремена жена која починува во областа Ниш. Болницата нема јасен одговор зошто има толку многу трагични смртни случаи на бремени жени и мајки во овој дел од Србија, пренесуваат медиумите.
– Во болницата во Ниш, се грижевме за повеќето пациенти со Ковид, речиси 13 илјади. Во Крушевац, околу 3.500, меѓу нив и бремени жени – објавија соопштение од Клиничкиот центар Ниш.
Во моментов, три бремени жени и пет мајки се лекуваат во Ниш.