Во текот на изминатото деноноќие во Македонија беа регистрирани 194 нови случаи на Ковид-19 од 1697 извршени тестирања. Министерството за здравство информираше новите случаи на заразени се од градовите: Скопје 77, Тетово 16, Прилеп 11, Кочани 10, Куманово 9, Струмица 9, Битола 6, Радовиш 6, Штип 5, Свети Николе 5, Велес 5, Гостивар 5, Дебар 3, Струга 3, Кавадарци 3, Крива Паланка 3, Пробиштип 3, Валандово 3, Виница 3, Охрид 2, Делчево 2, Кичево 2, Гевгелија 1, Берово 1, Неготино 1.
Во болнички услови починаа 2 лица на возраст од 80 години во Прилеп и 54 години во Велес.
Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрираше 158 оздравени пациенти од Скопје 33, Куманово 8, Дебар 13, Штип 3, Прилеп 6, Тетово 29, Струга 2, Велес 6, Битола 5, Охрид 1, Кавадарци 8, Гостивар 5, Гевгелија 1, Струмица 14, Крива Паланка 2, Радовиш 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 4, Берово 5, Валандово 1, Виница 5 и Кичево 5.
Вкупниот број на дијагностицирани пациенти заклучно со вчерашното деноноќие изнесуваше 17 977 лица, 739 починати, 14 959 оздравени и 2279 активни случаи.
Најмногу активни случаи беа регистрирани во: Скопје 727, Куманово 181, Кочани 162, Струмица 149, Тетово 146 и Прилеп 130. Во однос на скопските општини најмногу активни случаи беа регистрирани во населбите Аеродром 115 и Центар 105.