Александра Јорданов: Навремено откривање на проблемот – сигурно решение. Работиме на препознавање и детерминирање на проблемите кои се појавуваат кај секое дете индивидуално
Индивидуално, секое дете го има својот развој. Дали правилно напредува, што значат одредени гестикулации, зошто детето неодговара на поставени прашања, зошто не започнува комуникација со други деца, ова се дел од прашањата кои секојдневно си ги поставуваат илјадници родители.
Наместо да се стравува , или пак да се прави споредба со психофизичкиот растот и развој со братчето или сестричето, братучедот или другарчето од градинка, дефектологот Александра Јорданов препорачува, неколку часови неделно престој на детето во првиот регионален Центар за стимулација раст и развој Старс, чие седиште за среќа на велешани е токму во Велес, и одговорот на сите прашања родителите ке го добијат од стручен тим на Центарот.
Која е најраната воздраст на која родителите може да го донесат своето дете во овој Центар?
Нема правило кога родителот треба да го донесе своето дете кај нас. Ние како тим препорачуваме тоа да биде во што помала возраст, на пример ако има проблем со говорот тогаш идеално време е околу третата година. Доколку симптомите укажуваат на проблем со социјализација со деца, непокажување емоционални реакции, преосетливост на тактилни дразби, звуци, бои и мириси , нереагираат на своето име , преокупација им е една играчка или една активност, тогаш Јорданов препорачува родителот да побара стручна помош веднаш и тука возраста нема граници.
Што се, стручниот тим во овој Центар може да открие кај децата?
Во Центарот покрај мене како дефектолог, работи и дипломираниот логопед при Медицинскиот факултет во Скопје, Лилјана Иванова. Наш постојан надворешен соработник е проф.др. Владимир Трајковски,редовен професор при Филозофскипт факултет Св.Кирил и Методиј, специјална едукација и рехабилитација, кој што врши дијагностика на аутизам и первазивни нарушувања со одреден протокол за работа како и био медициски третман.
Сите ние заедно работиме на препознавање и детерминирање на проблемите кои се појавуваат кај секое дете индивидуално, на пример, алалија, развојна дисфазија, дислалија, пелтечење, дислексија, дисграфија, диспраксија, дискалкулија, афазија кај деца и возрасни, аутистичен спектар на нарушување, сензорна дисфункционалност, координација,латерализација и многу други состојби кај децата.
Изминатите години срушени се многу табу теми околу аутизмот. Дали сега родителите полесно прифакаат дека имаат дете со аутизам, јавно говорат за тоа и со тоа на еден начин придонесуваат за што поголема помош во развојот на сопственото дете?
Години наназад стручните работници макотрпно работат за да ја кренат свеста за аутизмот, денес веќе тоа не е табу тема но се уште процесот на прифаќање дека сопственото дете има аутизам или навлегува во аутистичен спектар потешко се прифаќа од родителите. Колку побрзо се осознаа состојбата и прифати од родителите, детето почне порано да работи со специјален едукатор-дефектолог толку резултатите ке бидат побрзо видливи и поголеми. Покрај работата со едукатор, за развојот на детето многу значајна улога има семејството. И тоа треба јасно и недвосмислено да се придржува по насоките дадени од стручните лица. Многу често родителите барајки го решението за проблемот, читаат на интернет создавјќи конфузија и кај самите себе но што е многу лошо и кај самите деца затоа што не секој третман и медикамент делува исто кај секое дете. Процесот на раст, развој и работа со детето е индивидуално за секое дете според неговите можности , способности и карактеристики.
Центарот за стимулација раст и развој Старс, е една голема игрална, дали и како преку игра им помагате на децата ?
Во Центарот имаме ,,Соба за сензорна интеграција,, која што на прв поглед личи на соба за играње и навистина е така затоа што преку игра со точно насочена активност ги добиваме најдобрите резултати кај децата. Во Сензорната соба влегуваат деца кој што имаат проблеми со вестибуларен и проприоцетивен систем ( коски, кожа, мускули, зглобови, притисок), деца кои што имаат проблеми во дактилно подрачје, деца кои имаат потреби од сензомоторни вежби како и развивање на моторика, координација и качување по карпест дел –ROCK CLIMBING(качување по карпест дел). Во оваа Соба, најпрво се забележуваат проблемите и недостатоците кај децата и се влијае врз нив што пак дава позитивни и темелни резултати.
Кои, се можности им ги нудите на родителите и како тие може да закажат состанок со Вас?
Во овој Центар најважно ни е чувството на сигурност и доверба, затоа што градиме атмосфера каде што детето се чувствува прифатено со сите негови можности, способности и потреби. Додека пак најважен предуслов ни е да оствариме контакт со родителите кој ке го надградуваме во интерес на нивното дете. Опсервација може да се закаже секој ден на телефон 078/233-601 или во просториите на Регионалниот центар за стимулација, раст и развој Старс кој се наоѓа на ул. Гоце Делчев бр.22/7 во Велес.