Двајца мигранти загинаа, а еден е повреден откако воз удрил во нив во североисточниот дел на Грција.
- Возот на релација Александруполис – Орменио, долж грчко-турската граница удри во три лица кои се движеа по пругата. Две од нив починаа, а едно лице е повредено, се наведува во соопштението на полицијата.
Несреќата се случила во два одвоени инциденти, но причината е истиот воз. Машиновозачот прво пријавил една несреќа кога возот удрил во две лица, од кои едното загинало. Возот продолжил да сообраќа и прегазил уште еден човек.
Мигрантите откако илегално ќе ја преминат турската граница во Грција се движат по пругата во текот на ноќта.
Не се соопштени националноста и идентитетите на мигрантите.