-Едноставен лек за затнат нос при настинки-
Настинката е најчестата инфекција кај сите возрасни групи, а затнатиот нос е најчестиот иритирачки симптом.
Поради тоа не можете да дишете убаво и не можете да спиете, а од ден на ден само се влошува состојбата.
СИМПТОМИ:
-Конгестија на главата и градите, можеби со течење на носот и отежнато дишење
-болки во грлото
-кивање
-сува кашлица што може да се јави само ноќе
-треска
-суви очи и печење во очите
-нејасно чувство на болка во целото тело
-главоболка
-постојан замор
Симптомите на настинка излегуваат кога вирусот ќе влезе во слузницата на дишните патишта во носот или грлото. Вашиот имунолошки систем реагира напаѓајќи го поттикнувачот со бели крвни зрнца, кои се нарекуваат неутрофили.
Ако организмот може да го препознае вирусот, реакцијата е неспецифична, што значи дека организмот произведува колку што е можно повеќе неутрофили и ги упатува на заразените места. Со овој општ напад се уништуваат многу вируси што предизвикуваат настинка.
Дополнителните количества неутрофили кои се собираат на местата на инфекција доведуваат до чуство на болка по целото тело и воспаление предизвикано од настинка, што е надополнето со големи количества слуз во носот и грлото.
Симптомите на настинка излегуваат во текот на еден до четири дена откако ќе се заразите со вирусот на настинка, и по правило, траат околу три дена. Во тој миг најлошото поминало, но може да се чувствувате затнато уште една недела или подолго. Во текот на првите три дена од траењето на симптомите вие сте заразни.
Тимот на НМД ви предлага едноставен лек за испирање на носот:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-Половина лажичка сол
-Половина лажичка сода бикарбона
-7-8 капки јод
-Една чаша вода
ПОСТАПКА:
Измешајте ги сите состојки убаво додека да се растворат во водата и повеќе пати во текот на денот вбризгувајте во носот. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш, за еден или два дена.