За една недела во Македонија се регистрирани 784 новозаболени лица и 39 починати од Ковид-19. До денес се регистрирани вкупно 6080 заболени од коронавирусот во земјава. Инфективните одделенија работат со полна пареа, а она што ги загрижува докторите е дали вирусот се враќа кај веќе излечените пациенти.
Во периодот од 7ми јуни до сега во земјата се регистрирани околу 3000 новозаразени што е двојно повеќе од периодот од 26 февруари кога и беше регистиран првиот пациент со корона вирус. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега за сега нема основа за враќање на рестриктивните мерки, но и понатаму апелира граѓаните да се придржуваат до мерките кои се препорачани од надлежните.
Во моментов кај две сестри од Куманово се прават тестови за да се провери дали имаат повторно присуство на Ковид-19, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Вториот Ковид центар во земјава, Детската болница во Козле ги полни своите капацитети. Во оваа болница има 20 пациенти кои се заразени со коран вирус и поради нивната состојба мораат да бидат хоспитализирани. Од овие 20 пациенти, две се деца, а останатите се возрасни на возраст од 41 до 85 години, од кои двајца се на кислородна подршка поради нивната влошена состојба.