Според месечните анализи на ИЈЗ, во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на ковид-19. Тоа во однос на претходниот месец јуни кога имаше само 25 регистрирани лица е десеткратно зголемување на бројот. Иститутот во јули ја регистрира и првата жртва од новиот бран на коронавирусот, иако новиот сој во земјава официјално се уште не е потврден. Во регионот и на европско копно ова лето присутен е сојот флирт,кој што според епидемиолозите е послаба варијанта на омикронот.
Ковидот повторно се разгорува во Македонија.За овие состојби придонесе раздвиженоста на населението, годишните одмори, летните журки, концерти, свадби… Иститутот за јавно здравје во својот месечен извештај ја регистрира и првата жртва од новиот бран на коронавирусот, иако новиот сој во земјава официјално се уште не е потврден. Во регионот и на европско копно ова лето присутен е сојот флирт,кој што според епидемиолозите е послаба варијанта на омикронот.
Според месечните анализи на ИЈЗ, во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на ковид-19. Тоа во однос на претходниот месец јуни кога имаше само 25 регистрирани лица е десеткратно зголемување на бројот. Од заболените со коронавирусот во јули 2024, најголем број и тоа 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци.
Матичните лекари предупредуваат дека бројката е поголеме, бидејќи најголемиот дел од заразените не се тестираат,а доколку го сторат тоа го прават со тестовите купени во аптека.
-Возрасната група над 60 години и кај деца до девет години е забележено најголем број на инфекции. Во јули, над 60 години инфицирани биле 74 лица, а кај малите деца бројката достигнала 45 или 18% од вкупниот број. Во групата од 30-39 години регистрирани се 38 лица, во групата од 40-49 години има 35 заболени, од 50-59 има 26 заболени, а најмал број на заболени се пријавени во групата 20-29 години и 10-19 години-информираат од ИЈЗ.
Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, тестирани се вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец кога биле тестирани 409 лица.
Од почетокот на пандемијата од 2020 година, заклучно со 31 јули годинава во Македонија пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на ковид-19 и 9.992 смртни случаи.
Како што велат матичните лекари главните симптоми на новата варијанта се: зголемена телесна температура, кашлица, болка во зглобовите и во мускулите, затнат нос, главоболка и премаленост, но сè поминува за два до три дена, без посериозни последици.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ деновиве информираше почетокот на август, Комисијата имала формален состанок, при што била разгледувана состојбата со Ковид-19 во земјава.
-Во текот на изминатите четири недели видовме раст на бројките. Пред две недели имаме 78 случаи, а во последната недела 116 случаи. Секако ова не се реални бројки бидејќи многу луѓе прележале. Бројката е веројатно многу поголема, но терен можеме да видиме дека луѓето многу полесно ја прележуваат болеста, што беше карактеристичко во периодот на омикрон. Се уште живееме во периодот на омикрон- вели Мехмедовиќ и дополнува дека сите случаи се третираат амбулантски.
Според д-р Мехмедовиќ за среќа сликата од Грција не е пресликана во Македонија, но нема штета ако некој сака да носи заштитна маска. Тој препорачува да се избегнуваат затворени простории,а доколку се почувствуваат симптоми, лицата да се самоизолираат.
Директорката на Институтот „Милан Јовановиќ- Батут“, Верица Јовановиќ, деновиве за РТС исто така кажа дека податоците од регионот и од територијата на европските земји покажуваат дека има скок на бројот на заразени, особено во летните одморалишта во Грција и во Италија.
– Кога е нашата држава во прашање, бележиме поголем број позитивни случаи, но тоа се само апсолутни бројки, кои не влијаат на промената на епидемиолошката слика, што би нè ставило во ризик сите, во овој момент – смирува д-р Јовановиќ.
Во јули,Институтот регистрира вкупно 1.500 болни лица од разни заразни болести. Во оваа бројка покрај инфицираните со ковид се вклучени и заболувања како грип, туберкулоза, голема кашлица, шуга, Хепатит Б и Ц, ХИВ…
-Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите, со 645 случаи. Во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 43,0%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 43,4%-се вели во извештајот на ИЈЗ и дополнуваат дека има и 137 заразени со голема сипаница, 75 со салмонела, 14 лица со инфективна мононуклеоза.
Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи, во јули најголем број 777 лица што е процент од 51,8% од вкупниот број на пријави припаѓаат во групата на цревни заболувања. Дел од статистиката на ИЈЗ се и 18 случаи на шуга.
-Во текот на месец јули, пријавени се и пет потврдени случаи на ХИВ и два случаи на СИДА, при што шест случаи се од машки и еден од женски пол- це вели во извештајот на ИЈЗ.
Во текот на месец јули, регистрирани се 7 случаи на ентероколитиси, 5 случаи на салмонелози, 3 случаи на алиментарни интоксикации и по еден случај на овчи сипаници и голема кашлица кај лица од Косово, Швајцарија, Турција, Србија, Швајцарија, Италија, Холандија, Словенија, Германија и Норвешка кои привремено престојувале во Македонија.