За првпат во Република Македонија е формирано здружение „од деца без родители, за деца без родители“, со целосно име Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“.
„За тебе“, информираат од здружението, има за цел да го инспирира општеството да им биде семејство на овие деца, со креирање на програми преку кои експертите во својата област ќе можат споделат дел од своето време, знаење и вештини, за и овие млади луѓе да имаат достоинствен живот.
Од Здружението истакнуваат дека секое дете заслужува шанса да си ги оствари соништата.
Преку програмите кои Здружението „За тебе“ веќе ги подготвува, ќе се опфатат клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе кои до 18 години имале статус на дете без родители. Засега, јавноста ќе ги добива сите информации за делувањето на ова здружение преку Фејсбук страна For you – За тебе. Достоинствен живот за сите деца без родители!, посочуваат од Здружението.