Поради појава на прес конференција одржана пред болницата во Битола пред неполн месец медицинскиот персонал кој се појавил на истата е подложен на притисоци, закани и уцени од партиски членови, симпатизери и луѓе од актуелната власт во моментот во Македонија. Резил и брука за режимот кој пробуваат да го наметнат. Едно Уааа!
Одржаната прес конференција се однесуваше на неуспесите на актуелната власт и дадените лажни ветувања кои биле дадени и во овој дел од Македонија и во овој сегмент од живењето. Акцелераторот иако е набавен, донесен, воопшто не е пуштен во употреба повеќе од една година иако неговото пуштање во употреба беше најавено за Фебруари 2018-тата од министерот Филипче и од неговиот кабинет. Ангиографот исто со месеци не работи, пациентите се препраќаат во Скопје, Гама камерата исто така не работи, пациентите се препраќаат по околните клиники или најблиско каде има Гама камера. Се собираат тендери, се забораваат пациентите, тоа се случува со Филипче.
Не работи ниту базенот за физикална терапија иако беше пуштен пред само месец дена во самата болница во Битола, Кабинетот за инсеменација исто така е вон употреба, ги нема основните потребни инструменти за работа, а нема ниту лек за предвремено породување, не се набавувал од актуелната власт и менаџерски тим на Болницата во Битола под изговор дека таквиот лек бил скап. Голема вреќа празни ветувања, неизреализирани и ветувања кои само навидум се кажа дека донесоа или ќе донесат живот, а тие всушност донесоа хорор, пекол, страдање, немање лекови, немање функционални апарати, не се одржува ниту тоа што се има, се се запушта и остава на забот на времето…тоа е животот кој го донесе оваа власт и ако некој како овие храбри и достоинствени луѓе и доктори се спротистави и го каже својот став веднаш целиот донесен „живот“ го зачинуваат со закани, уцени и отпуштања. Тоа е вистинската слика за начинот на кој оваа власт владее, раководи и менаџира и со болницата во Битола и со целата држава. Едноставно никој не се грижи и не обрнва внимание на потребите на пациентите, болните, медицинскиот персонал и пред се на докторите.
По прес конференцијата преку социјалните мрежи г-ѓата Радмила Бајовска се заканува на своја колешка преку порака дека се знае како функционира оваа власт, дека се виде во минатиот период што се случува. „На кој не му одговара ГИТЛА од кај што дошло дивото племе таму нека оди“ При тоа Радмила Бајовска како главна сестра во моментот во болницата во Битола и се обраќа на медицинска сестра од пресот која во изминатиот период била сменета од работната позиција или префрлена на друго место. Освен колешката од комуникацијата во изминатито период не добиле работни позиции и биле сменети од шефовските места и следните сестри и доктори: сестра Билјана Гареска, префрлена од кожно на интерно одделение, сестра Валентина Милошевска од КАРИЛ на интерно префрлена исто, др Иванчо Василевски специјалист гинеколог сменет од позиција шеф, како и др Зоран Буџевски специјалист Максилофацијална хирург, сменет од позиција началник.
Ова се само дел од сестрите и докторите кои се соочуваат со осветољубието кое го демонстрира оваа власт и сите овие се казнети само затоа што биле симпатизери, приврзаници или членови на партија спротивна од таа што е во моментот на власт. Како е тоа возможно?
А за сестрата Радмила Бајовска која што е на позиција главна сестра неофицијално кружи муабет дека додека била дел од тимот за анестезија дека кога ја напуштила таа позиција, тоа работно место и била сменета имало афера поврзана со неа, која во тој момент пред неколку години колешките ја сокриле, а тоа се денес истите тие колешки на кои таа им се заканува.
Секоја чест за притисоците, браво Радмила и само напред! Во сето ова само не е јасен податокот што прават претпоставените на болницата кога ги гледаат и приметуваат овие работи, Зошто не се реагира? Кога не реагираат се соучесници, а ако требало да реагираат зошто до сега никој не превземал ништо? Најстрашното после се е дека утре на работа пак ќе се појави главна сестра Радмила и некој можеби утре ќе го стави сопствениот животот во рацете на таква личност, која помош ќе му биде пружена, дадена и на кој начин и која е сигурноста дека се ќе биде во ред?