Денес се одржа последната јавна расправа за предлог закон за заштита од дискриминација.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека ова законско решение е добро усогласено со европското законодавство, меѓународните стандарди и дава вистинска слика дека оваа власт прави заложба и дека државата има намера да ги заштитат граѓаните од дискриминација.
– Со законот не само што ги прошируваме основите, туку даваме можности професионално да се одлучува по пријави или иницијативи за сторена дискриминација. Што значи дека сега имаме три нивоа. Едно дека имаме професионална и стручна администрација, која ќе ја поддржува Комисијата, имаме комесари кои нема да бидат бирани од политичките партии, туку ќе бидат експерти, но и Комисијата ќе може да формира советодавно тело ако за нешто нема доволно информации и знаење, рече министерката Царовска.
Бидејќи заложбите се искрени и законот е повеќе од потребен покажува и податокот дека е целосно подржан од преставници на ОБСЕ во Македонија. Граѓаните и народот во оваа држава знаат ако нешто се носи како декрет, одлука или во овој случај многу потребен закон за дискриминација, доколку истиот не е подржан од најмалку еден преставник на ОБСЕ тоа значи исто како да доживеал крах и како законот да не е валиден, доволно добар за граѓаните. Затоа граѓаните денес потврдија дека им е олеснато, штом преставниците од ОБСЕ дават подршка, законот мора да го усвоиме и истиот да се имплементира – рекоа граѓаните.
Поради тоа и следствено на познатата пракса и одобрување од ОБСЕ, народот во Македонија може мирно да спие, МТСП, неговата врхушка, денес донесоа и како предлог доставија и поставија многу успешен и добар предлог закон.