Да се заразите со вирусниот грип не е тешко, особено кога е во полн ек. Доволно е некој заразен на кивне или да се закашла во ваша насока и вие да ги вдишете контаминираните честички. Допирањето на предметите кои се заразени со вирусот, како тастатурата на компјутерот или кваката на вратата, а потоа контактот со лицето (очи, нос, уста) може да биде вашиот пат до креветот на една недела или две.
Потоа нагло доаѓаат и симптомите, како температурата, затнат нос, болни мускули, постојана кашлица, главоболка и општа исцрпеност и омалаксаност. Додека повеќето луѓе се чувствуваат подобро со тек на време, илјадници болни се соочуваат со компликации поради вирусот секоја година.
Колку долго трае грипот?
Можно е да сте болни меѓу еден и четири дена пред да почнете да ги чувствувате симптомите.
– Ќе се чувствувате релативно добри потоа настанува шок, одеднаш сте исцрпени, ве болат мускулите и зглобовите и треба да лежете во кревет – објаснува др. Грегори Поланд.
Тоа е знак дека имате грип, а не настинка. Симптомите не грипот се појавуваат многу побрзо и поинтезивно. Најраните симптоми обично вклучуваат температура, треска, болки во мускилите и телото, како и умор. Тогаш може да ги забележите и другите симптоми како главоболка и сува кашлица. Треската може да трае два до четири дена, додека останатите симптоми може да траат и до една недела.
Лекувањето е составено од многу одмор и симнување на температурата, земање на соодветна терапија и многу течности. Сепак, доколку температурата не ви се намалува и не се чувствувате подобро во рок од три до пет дена откако ги забележавте исмптомите, како и сте задишани и/или искашлувате зелено, појдете на лекар.
Колку долго грипот е заразен?
Дури и пред да ги почувствувате симптомите заразни сте. Вирусот можете да го пренесете отприлика еден ден по појавата на првите симптоми, до седум дена потоа. Децата со грип можат да бидат заразни и подолго од една недела. Бидејќи вирусот може лесно да го пренесете, важно е да останете дома кога сте болни. Доколку мора да го напуштите домот додека сте болни, купете ефтина маска за лице. Со тоа ќе го спречите ширењето на вирусот.
Доколку сакате да останете здрави воздржете се од контакти за време на сезоната на грипот, редовно мијте ги рацете и избегнувајте допир со лица кои се веќе заразени. Просечен американец ги допира носот или устата на секои 15 до 30 секунди, па обидете се тоа да го избегнете.