Здравствените власти од денеска најавија почеток на масовна вакцинација на населението. Се предвидува да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани дневно во повеѓе регионални центри низ државата и тоа: Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.
На овој начин се очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба, посочија здравствените власти.
Минатата недела пристигнаа вкупно 200 000 кинески вакцини кои беа дистрибуиран во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и регионалните центри во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Министерот за здравство Венко Филипче, по пристигнувањето на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.
Досега бројот на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Р. Македонија достигна 152 747 лица, а бројот на починати е 4 961 лице.