Како дел од мерките за заштита и справување со Корона вирусот (Ковид – 19), дел од советниците од Советот на Општина Центар денеска предадоа донација за припадниците на Министерството за внатрешни работи.
– Донирани се заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, со цел зголемување на заштитата и безбедноста на припадниците на полициското Одделение за сообраќајно и ескордно обезбедување. Да бидеме одговорни, да се заштитиме и да ги следиме препораките и мерките од Владата и Министерството за здравство – вели градоначалникот ан Центар, Цаша Богдановиќ.
Тој информира дека продолжуваат со вонредните акции за дезинфекција на влезовите на зградите против вирусот Ковид 19.
– Се дезинфицираат влезовите на зградите, скалите, ходниците, лифтовите и сите заеднички простори. Дезинфекциите ќе продолжат и во наредниот период, во зградите на целата територија на општината – нагласи Богдановиќ.