„Не сакаме да разочараме илјадници луѓе кои се радуваа на концертите, но здравјето на Аки е на прво место“ рекоа неодамна членовите на „Парни ваљак“.
Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, кој денес го слави 63. роденден, во почетокот на април доживел полесен мозочен удар. Моментално се опоравува дома, семејството се грижи за него, а претходно бил и во бања.
- Се’ е одлично. Засега нема никакви изјави и благодарам на честитките, рекол Аки за хрватските медиуми, но не сакал да открие како ќе го прослави роденденот.
Членовите на „Парни ваљак“ после мозочниот удар на пејачот ги откажале сите концерти. Сепак, свиреле за 10. роденден на „Антена Загреб“ а Аки накусо го „замениле“ колегите Нено Белан (56) и Златан Стипишиќ Џибони (49).
„После 42. години заедничка работа чудно ни е да настапуваме без Аки. Не се чувствувам најдобро поради тоа, но ми е мило што „улетаа’ колегите и се испадна многу добро. Нашиот Аки се опоравува многу добро и наскоро повтоно ќе биде на сцената“ рекол Хусеин Хасанефендиќ Хус (64).
- Не би сакале да разочараме илјадници луѓе кои се радуваа на концертите, но здравјето на Аки е на прво место, рекоа неодамна членовите на „Парни ваљак“.
На пејачот лекарите му препорачале да ги промени навиките, осносно да ги остави цигарите а ниту црното кафе не било пожелно.
Пејачот на „Парни ваљак“ од порано е познат дека одлично подготвува македонски специјалитети па на турнеите често бил главен готвач на бендот. Посебно са фалел со умештвото на готвење на познатиот македонски специјалитет – тавче гравче.
„Ме викаа во кулинарска емисија, но не сакам да ме снимаат додека готвам и стојам покрај шпоретот“ открил неодамна Рахимовски.
Аки пораснал во Скопје, а татко му бил професор по музика па со седум години тргнал во музичко училиште, на отсекот за клавир и пеење.
Пресудна му била 1975. година, кога учествувал во основањето на „Парни ваљак“ и ја чинел првата постава на бендот. Со нив има снимено 16 студиски албуми на кои имало многу хитови како ‘Sve još miriše na nju’, ‘Lutke za bal’, ‘Ugasi me’ и ‘Uhvati ritam’.
Целата кариера, повеќе од 40. години, успешно го одвојувал приватниот живот кој не сакал да го меша со музичката кариера. Со сопругата Ингрид е скоро исто толку долго во брак, а го привлекла токму нејзината таинственост.
- Никој не знае како изгледа мојата Ингрид, бидејќи тоа е наша приватност и така мора и да остане. Но, вљубен сум во неа како првиот ден, открил неодамна Аки.
Пејачот со сопругата Ингрид ја им ќерката Едина, а синот, музичарот Кристијан (36) го добил во претходниот брак.