Здрави намирници помагаат при многу здравствени нарушувања, но истите не се многу здрави за вашите заби.
Црн чај
Дамки на заби можат да остават: црно вино, чај и кафе. Но најголемите и најлошите дамки ги остава црниот чај.
Цитрусови плодови (агруми)
Сок од лимон предизвикува најголема штета, проследен со грејпфрут и сок од портокал, па задолжително плакнете ја устата со вода по консумирање.
Билен чај
Чајот има исклучителни здравствени придобивки, но премногу чај може да ги оштети вашите заби. Црниот чај и билниот чај предизвикуваат ерозија. Сепак, нема потреба да се откажете од чајот.
Суво овошје
Сувото овошје е двојна стоматолошка катастрофа поради содржината на шеќерот и лепливоста. Обидете се да не го јадете како закуска, туку мешајте го во салата.
И златното правило за вашите заби е секогаш да консумирате свежо овошје.