Администрацијата и помошно – техничкиот персонал вработен во рамки на клиниките во комплексот Мајка Тереза денес повторно излезе на протест пред Министерството за здравство бидејќи и покрај преговорите не добија зголемување на платите како и медицинарите.

Ресорниот министер Филипче пред два дена рече дека не можат администрацијата да ја одделат од останатата администрација.

Административците очекуваат синдикатите да не ги потпишуваат анексите на колективниот договор додека не се покачат платите за сите вработени. Тие на Филипче тие му порачаа: Дела, а не само зборови и најавија тужби и претставки до Уставниот Суд.

Од Синдикатот на Клинички, пак, велат дека се во многу тешка ситуација, бидејќи ако не го потпишат колективниот договор, поголеми плати од февруари нема да добијат ниту лекарите ниту медицинските сестри.

Административците во здравството се револтирани што не ги одделуваат од јавната администрација и за во иднина не ја исклучуваат можноста за понатамошен штрајк.