Вчера беше Светски ден на борбата против астмата, а во Македонија се случуваат чуда, денот се одбележа со недостиг на лекови.

МЗ го одбележа со прес на кој се пофали за постоперативните мерки со кои здравствените работници ги претвори во административци и телефонски оператори, до каде во овој правец ќе се движиме има ли компас и насока во која се движи МЗ?

Asthmatic

Државната испекција не земала два месеца плата, а Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е во застој нема сеуште избрано кој да ја води, нова екипа нема старата е разрешена, кој пак тука најмногу страда, секако тоа се граѓаните на РМ.

 

Денот го одбележа и конференција за важноста за проширување на пристапот до квалитетно рано детско образование и заштита, како и регионалните и глобални трендови и практики за значењето на раниот детски развој на која учествуваа 50 претставници од земјите на Западен Балкан. Претставници од Македонија беа премиерот Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Министерката за образование и наука Рената Десковска.

Додека народот се чуди, чуда се случуваат, здравството незнае каде и во која насока се движи, меѓутоа со работи кои не се ни за споменување тоа се гордее, некако и сите останати институции се придружија на создавањето чуда во текот на вчерашниот ден, меѓутоа тоа не е само сега и не е само денес.

 

Народот и јавноста најмногу ги интересира зошто ваквото однесување и подигрување со животите на граѓаните на РМ трае во континуитет од промената на власта, па наваму и зошто нема промени на подобро. Да не случајно компасот е расипан?