Здружението „Без глутен“ преку социјалните мрежи реагира на поскапувањето на, како што посочуваат, единствениот лек, брашното кое го земаат на рецепт. Тие велат дека храната која може да ја јадат и ја купуваат тука и во Германија е со иста цена, но со огромна разлика во платите.

-Жално, но вистинито.

Но, за да бидеме НИЕ здрави, треба да одделиме барем 50% од домашниот буџет за нашата храна, бидејќи НАМ само храната ни е лек, односно брашното на кое имаме право 30кг на месец.

Жално е тоа што храната што ја купуваме овде и во Германија, цената е иста, а уште пожално е тоа што платите ни се различни.

Исто така би сакале да изразиме ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до Фондот за Здраствено осигурување што ни го покачи единствениот лек – брашното што го зимаме на рецепта (на приватно може да се купи и е 280 денари – 1кг.) и беше 75 денари – 1кг., од 17.01.2020 цената станува правосилна и е 106,6729 денари.

🔴Дали ФЗО не праша НАМ засегнатите дали можеме да си ја дозволиме оваа цена?

🔴Дали ФЗО треба да се полни на товар на болните луѓе?

🔴Зошто никој не се огласи после оваа донесена одлука?

❓Минимална плата – 30кг брашно = 14.500 – 3200,19❓

❗❗❗Ние НЕ избравме да бидеме со оваа хронична автоимуна болест – Целијакија, за да се тргува со нашата болест.