Зелените банани содржат квалитетен скроб и имаат многу малку шеќер

Бананите се здрави од повеќе гледишта, па можат да помогнат и при отстранувањето масни наслаги од стомакот. Доколку сакате да се ослободите од вишокот масти, како што вели нутриционистката Кејт…

Бананите се здрави од повеќе гледишта, па можат да помогнат и при отстранувањето масни наслаги од стомакот. Доколку сакате да се ослободите од вишокот масти, како што вели нутриционистката Кејт Нетс – важно е да ја врамнотежите и дигестивната флора. Бананите помагаат во тоа, така што им помагаат на добрите бактерии.

– Бананите се богати со пробиотични влакна и познато е дека го зголемуваат количеството бифидобактерии во цревата. Истражувањата покажаа дека здравите количини на бифидобактерии можат да помогнат во губење на тежината и да го подобрат метаболичкото здравје, додаде таа.

Кога живеете или работите во стресна средина, нивото на кортизол е високо, поради што „копнеете по храна полна со шеќер“, смета д-р Сандра Ел Хаџ.

– Тоа е една од главните причини поради којашто луѓето се дебелеат. Бананите можат да помогнат да се избегне желбата за шеќер, првенствено затоа што му даваат на телото големи количини магнезиум, којшто помага да се контролира нивото на стрес, а вие сте сити подолго, објасни таа.

Д-р Мадатупалаџам Маданкумар, пак нагласува дека незрелите банани се богати со квалитетен скроб и имаат многу малку шеќер. Овој скроб е несварлив и делува како влакна, со што ја намалува и апсорпцијата на шеќер.

Нутриционистката Силвија Карли објаснува дека колку е позелена бананата, толку поотпорен скроб се содржи во неа. Отпорниот скроб помага во контролирање на метаболизмот, т.е. на јагленохидратите, што ја подобрува и контролата на шеќерот во крвта, а исто така го помага варењето.


Related Articles