Една студија спроведена во Норвешка, откри дека оние луѓе кои пијат по 3 чаши млеко на ден, имаат трипати поголема шанса за развој на рак на дојка, за разлика од оние кои пијат само половина чаша или помалку. Сигурно веќе сте забележале дека ракот на дојката е во експанзија, па се чини дека токму млекото е одговорно за зголемениот ризик.
Претходно се веруваше дека млекото го забрзува развојот на рак што веќе постои, но сега научниците велат дека тоа може да биде причина за зголемување на пациенти заболени од рак во поширок размер. Поголемиот дел од пациентите доаѓаат од Финска, Шведска, Велика Британија, Канада и Америка. Сите овие земји се наоѓаат на прво место во потрошувачката на млеко.
Норвешката студија ни открива дека ракот на дојка е исклучително редок, односно дека не постои во култури каде млекото многу малку се користи. Веќе е познато дека хормоните и факторите на раст во млекото имаат канцероген потенцијал, но тоа, исто така, се однесува на синтетичките суплементи на витаминот Д, со кои често се збогатува млекото и другите млечни производи.
Се верува дека оние кои страдаат од рак на дојка, во просек консумираат двапати повеќе синтетички витамин Д, за разлика од останатите.
Но, постојат и други причини кои треба да се имаат на ум. Бројот на случаи расте заедно со консумирање на тесто, шеќер и одредени видови на месо (особено свинско месо), и се намалува со потрошувачката на суровини од зеленчук и риба.
Од друга страна, градниците, особено оние кои се премногу тесни, исто така можат да го зголемат ризикот. Жените кои редовно носат градник во времетраење од 12 часа, имаат зголемен ризик за појава на рак на дојка 20 пати повеќе, во споредба со оние кои го користат ретко, или воопшто не го носат, особено ако станува збор за градници со метални поддршка.