Добиваме еден час подолго за спиење, но треба да се внимава на влијанието по психата.

Губењето на тие 60 минути попладневна светлина по враќањето на часовникот, зимското сметање на времето може да биде активатор за ментални болести, вклучувајќи и биполарно растројство и сезонско афективно нарушување, попознато како зимска депресија.

Една данска студија открила дека процентот на луѓе со депресија се зголемил за 11 проценти по поместување на часовникот на зимско пресметување на времето.

Иако нарушувањето на био ритамот може да има сериозни здравствени ефекти, повеќето истражувања откриваат дека промените во расположението се случуваат само во деновите по поместување на часовникот.

Меѓутоа, за разлика од летното пресметување на времето, каде поради поместувањето на часовникот напред е поголема веројатноста за зголемен број на срцеви удари, зимската промена има добри здравствени ефекти.

Добивањето еден час повеќе за спиење, отчукувањата на срцето се намалуваат, но и бројот на сообраќајни незгоди.

Со цел да се навикнеме на зимното време што е можно поскоро, советот на експертите е да наместите аларм и да станете порано од вообичаеното за да функционирате што е можно подолго на дневна светлина.