Многу од нас луѓето никогаш нема да помислиме дека лушпите од разно овошје и зеленчук се полни со антиоксиданси и други корисни хранливи материи кои може да ни го подобрат нашето здравје.

Кромидот е еден од најздравите зеленчуци на планетата и е познат по своите силни антибактериски својства.

Кромидот одлично го балансира шеќерот во крвта, го заапира крварењето од носот, ги уништува клетките на ракот, но, исто така, го зајакнува имунолошкиот систем со помош на витаминот Ц.

Иако не се јаде, лушпата од црвениот кромид е полна со кварцетин, моќен антиоксиданс кој го регулира крвниот притисок и спречува кардиоваскуларни болести, вклучувајќи атеросклероза.

Покрај тоа што е моќен антиоксидант кверцетинот е исто така одличен во борбата против ракот, габични и бактериски инфекции и воспаленија.

Според едно истражување, само половина кромид на ден може да го намали ризикот од рак на желудникот за половина.

Како да се користи лушпата од црвен кромид за подобрување на здравјето?

За да го издвоите кварцетинот и другите хранливи состојки од лушпата на црниот кромид, доволно е да ставите една до две глави црвен кромид (нелупен) во супа или чорба.

Можете и да ги ставите само лушпите пред готвење. Пред да биде супата готова, отстранете ги.

Освен што вашата супа ќе биде богата со антиоксиданси, ќе добие и богата кафеава боја, во зависност од тоа која врста на црвен кромид сте користеле.