Во 2017 година, од вкупно 1,29 милијарди кубни метри користена свежа вода во индустријата и рударството, 1,26 милијарди кубни метри се технички води, а 4 милиони кубни метри се свежа вода за пиење.
Зошто во период кога климатските промени земаат се поголем замав и кога водата за пиење станува богатсво од непроценливо значење, деловните субјекти од индустријата да трошат милиони кубни метри вода за пиење како технолошка, откриваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Кога властите ќе се освестат и ќе се започне со рационално користење на водата за пиење, да се забрани употребата на водата за пиење како технолошка и кога надлежните министерства и инспекторати ќе започнат со работа и ќе ги пратат соодветните институции, организации, индустрии и ќе го мерат и контролираат нивното користење на обична вода за пиење за технолошки цели?
Македонија е земја која изобилува со вода за пиење која сеуште е во најголемиот дел бактериолошки и хемиски исправна за пиење и со тоа треба истата да биде заштитена и сите извори кои се во Македонија и кои постојат а од кои тече вода за пиење да бидат ставени под заштита на институциите и да започнат конечно министерството за екологија и инспекторатот на град Скопје да се занимаваат со оваа проблематика.
Наместо заменик министерот за екологија, Јани Макрадули да изнаоѓа разно разни начини и со манипулација на фактите да посочува дека сега воздухот е помалку загаден со мерките кои тие ги донеле како министерство како власт во функција, кога истото не е точно, наместо главниот инспектор на град Скопје, Мирослав Богдановски да ја убедува јавноста дека Дрисла не загадува и дека таму постои печка за горење и справување со медицински отпад со соодветен филтер и заштита, а тоа исто како информација не е точно и наместо ваквите одговорни фигури во моментот во државата да се занимаваат со проблеми од типот на како да се спречи непотребното трошење на водата за пиење како технолошка истите смислуваат и лиферуваат инфомации дека се подобро и дека тие откако дошле на власт и стапиле на функција донеле почист водух, незагадување, филтри на печките за согорување, филтри на оџаците од индустријата, прекинало истекувањето на отровни и штетни материи во водотоците на реката Вардар и дека се е така прекрасно и розево. Но, ТОА НЕ Е ТОЧНО! – почочуваат упатените и граѓаните по социјалните мрежи.
Одговорните во министерството за екологија и животна средина и во инспекторатот на град Скопје, наместо да трошат време со ваквите информации, нивно креирање и лиферување треба да се занимаваат со заштита на водотекот, водоснабдителните извори на ниво на град Скопје, на ниво на цела република Македонија, бидејќи со ваквата негрижа нам ни се враќа и ние тапкаме во место и потоа се случуваат настани како протекување на линдан, загадување на води, трошење на водата за пиење како техничка од индустријата и нивото на ценење на работите кои ни ги има дадено мајка Природа и сме благословени да ги сведеме на минимум или да исчезнат со ваквото ниво на негрижа и неодговорно однесување кое според актуелната власт најверојатно е оправдано?!
Со ваквиот расипнички пристап на оваа владеачка гарнитура се гледа белегот што го оставија на работите кои не опкружуваат и работите што ги направија во изминативе неколку години за Македонија и за нејзините граѓани. Доста е треба промена, да се започне со работа и превенција, пред нештата да исчезнат – реагира народот на социјални мрежи, подржани од еколошки друштва и организации.
Вода користена за технолошки намени претставува искористени количества вода употребени или потрошени во технолошки процеси (производство, ладење и сл).