Рибиното масло кое го внесуваме заради омега 3 масни киселини е еден од најмоќните суплементи. Зошто омега 3 масните киселини се добри за нашето здравје? Бенефитите од омега 3 масните киселини се бројни. Ќе издвоиме неколку:

1. Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларните болести

Од секогаш е познато дека популацијата која јаде повеќе риба има помали шанси да добие кардиоваскуларни болести. Сега знаеме дека тоа е најмногу заради омега 3 масните киселини кои се наѓаат во рибата.

2. Ги намалуваат хроничните воспаленија

Самиот процес на воспалување е важен за нашиот организам – му помага на телото да се бори против инфекции и да ја отстрани штетата, но понекогаш инфекциите знаат да прераснат до посериозни срцеви болести.

3. Помагаат во борбата со депресија и аксиозност

Од трите омега 3 масни киселини (ALA, EPA и DHA) EPA е намногу поврзана со борбата против депресија. Една студија покажа дека EPA во одредени количини влијае во борбата против депресија исто како и Prozac (антидепресив).

4. Помага во спречување на настанување на рак

Во различни студии, омега 3 масните киселини ги поврзуваат со можноста за намалување на ризикот од одреден тип на рак. На пример, лица кои конзумираат многу омега 3 масни киселини го намалуваат ризикот од рак на дебело црево до 55%.

5. Омега 3 масните киселини имаат многу бенефити во текот на бременоста, како за детето, така и за мајката

Соодветната количина на омега 3 масните киселини во текот на бременоста е поврзана со:

• зголемена интелигенција на детето
• подобри комуникациски вештини
• ги намалува проблемите во однесувањето на детето
• го намалува ризикот за спор развој на детето
• го намалува ризикот од ADHD (Attention deficit hyperactivity disorder) и аутизам

Подобрување на здравјето на очите, намалување на ADHD симптомите кај децата, помагање во борбата против автоимуните болести, подобрување на менталните нарушувања, намалување на симптомите на астма и намалување на ризикот од развој на астма кај децата, подобрување на здравјето на коските и зглобовите, ублажување на мезентерната болка, подобрување на спиењето… ова се придобивките од омега-3 масни киселини, според разни студии.