Зошто ни вадат крв токму од овој прст?

Една од најефикасните методи за земање крв е од вена. Тоа им овозможува на специјалистите во лабараторија да земат повеќе крв при анализирање. Земање крв исто така се случува и од прст,…

Една од најефикасните методи за земање крв е од вена. Тоа им овозможува на специјалистите во лабараторија да земат повеќе крв при анализирање. Земање крв исто така се случува и од прст, но најчесто е на помала возраст.

Но, постои многу добра причина зошто земањето крв од прст главно е од прстот до малиот.

Кога вадиме крв од прст поради некоја анализа, скоро секогаш ни го боцкаат прстот до малиот. Доколку некогаш сте се запрашале зошто крвта се вади токму од тој прст, еве го вашиот одговор.

Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку другите прсти. Тоа значи дека, теоретски, инфекција од палецот или малиот прст побрзо ќе се прошири и ќе ја зафати раката. Затоа крвта генерално се вади од било кој прст освен од палецот и малиот прст.

Но, во врвот на домалиот прст има генерално помалку рецептори за болка, па „боцкањето“ не е толку болно. Поради таа причина тој прст се користи најчесто, а и таму кожата ни е најтенка. Токму и поради таа причина, раната на тој прст најбргу заздравува.


Related Articles