Ова се 3 причини зошто треба да ја знаете својата крвна група.
Таа дава увид подлабоко во нашата генетика
Познавањето на крвната група може да биде од голема помош во разбирање на тоа како телото реагира на одредена храна, кои се болестите кон кои сте склони, како реагирате на стрес, како стареете и уште многу други нешта. На тој начин, крвната група служи како навигација во одредување на тоа што е добро, а што е лошо за вас.
За пример, кај луѓето со крвна група 0 постои помал ризик од срцеви заболувања, но поголем ризик од појава на чир на желудникот. Луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од микробни инфекции, а кај жените со крвна група А е забележана и повисока стапка на плоднос.
Таа помага во одредување на најсоодветниот начин на исхрана
Антигентите (молекули кои го поттикнуваат стареењето на антителата, односно имаат имуна реакција во организмот) на вашата крвна група не се наоѓаат само во крвта. Тие се раширени во целиот организам, особено во деловите кои се во интеракција со околината. Тоа го вклучува системот на варење – од устата до дебелото црево, потоа дишните патишта и белите дробови.
Така, со оглед на тоа дека антигените се насекаде, тие влијаат на тоа како телото реагира на храната која ја јадете. Освен тоа, одредена храна содржи лектини, кои претставуваат белковини кои се врзуваат на антигените и така може да чувствувате замор, главоболка, проблеми со варењето, да имате проблеми со кожата и др.
Тоа може да ви го спаси животот
Најважната причина поради која би требало да ја знаете својата крвна група претставува фактот дека во случај на потешко заболување или пак сообраќајна несреќа, тоа може да ви го спаси животот.