1 милион и 360 илјади километри има поминато амбулантното возило на Здравствениот дом во Кичево. Две возила за итна помош од Струга и Отешево го држат рекордот- произведени пред 31 година , а сеуште во нив пренесуваат пациенти. Во цела држава има вкупно 183 санитетски и возила за прва помош. Ова се скромни бројки споредено со возила низ институциите или во бројки 2645 службени автомобили. Покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. На секое 15-то возило во кое се возат министри, градоначалници или други државни службеници има по 1 амбулантно возило.
„Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.“
.Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје. Најмногу амбулантни возила има во Скопје- 30 и во Охрид и Битола по 12. Првиот човек на Здравствен дом Скопје не сака да го коментира последното истражување и вели дека со сите сили се прават напори да одговорат на потребите на пациентите.
Овој сооднос на возилата каде се преставува луксузот и комодитетот на министрите, пратениците, директорите на актуелната власт, а се штеди на пациентите, болните, на секојдневните потреби на граѓаните од медицинска помош предизвика негативни реакции во јавноста и потенцирање на потребата од дополнителни набавки на возила во кои се пренесуваат пациентите .
Додека ИМП во државата кубури со опрема и возила, граѓаните се револтирани од луксузирања на одредени функционери кои набавуваат скапи возила со државни пари. На пример струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој изјави дека е срамота градоначалник да се вози со Шкода, сакајќи да ја оправда набавката на Аудито вредно 67 000 евра. Или тендерот во 4-ри очи кој проба да го протне министерот за здравство Филипче вреден 35 милиони евра со оправдание дека ќе се подобри здравството во Македонија, исто како и со вакцините за морбили има епидемија сите мора да примат, сите примија епидемијата продолжува. Се нема осет од власта за обичните граѓани.