Болниците и натаму чекаат на министерството за здравство за да почне гасификацијата на објектите и да се намали загадувањето. Кумановската болница која деновиве беше посочена како загадувач на градот и натаму се грее на мазут. Раководството тврди дека тие навреме доставиле барање до здравствените власти за промена на начинот на греење, но одговор не добиле.

„Треба сите да си понесеме одговорност. Јас како раководно лице можам да кажам дека навремено сум ги преземала оние мерки кои се во моја надлежност. Моја работа беше да направам проект за гасификација на болницата и во 2017-та година завршена е реализацијата и во електронска форма е доставен до Министерството за здравство. Имаме упатено писмо и до Владата во кое бараме пари за гасификација, од таму не упатија до МЗ.“ – вели д-р Снежана – директорка на Општа Болница Куманово.

И градоначалникот на Куманово бара министерството за здравство да и даде пари на болницата за да инсталира нов систем на греење и да се приклучи на гасоводната мрежа.

„Ние како општина и како ЈП во секој момент сме подговтени на кумановската болница да и испорачаме гас. Согласно информациите со кои што располагаме од страна на менаџментот на болницата добиено тие имаат изработено проектна документација за гасификација на објектот и чекаат само на средства од страна на ресорното министерство за да можат да влезат во овој проект. Тоа значи дека ќе мора директно со писмено барање да ни се обратат на ЈП Куманово гас за да им испорачаме гас во одредена количина која што тие ќе ја побараат и на база на нашите планирања, претходно поставениот проект поставен од наша страна ние ќе инсталираме довод на гас до кумановската болница.“ – вели Максим Димитриевски – Градоначалник на Општина Куманово.

Не е само кумановската болница што се грее на мазут. Ист е случајот и со гинеколошката болница во скопски Чаир, за која што минатата зима градските власти лани се заканија дека ќе ја затворат ако министерството за здраство не го реши проблемот со греењето. ТВ 24 и тогаш информираше дека раководството на чаирската болница навреме доставило барање за промена на системот на греење, но здравствените власти не си ја завршиле работата навреме.

Од министерството за здравство пак тврдат дека за чаирската болница постапката за промена на системот за греење е веќе завршена и наскоро ќе почнат градежните активности. Во однос на кумановската болница пак велат дека дале насоки за менување на системот на греење.

„Проектите за изградба на гасна котлара и надворешен гасоводен приклучок се комплетно изработени во октомври 2017 година. Проектот е нарачан од кумановската болница. Изведбата на приклучокот за болницата беше преземена обрска на Општина Куманово. Приклучокот на новиот ургентен–хирушки центар е изведен така што и со изведбата на новата гасна котлара ќе биде непречено поврзан, без прекин во работата.“ – велат од Министерството за здравство.

И додека надлежните тврдат дека работат на намалување на загаденоста, жителите на Куманово се жалат на воздухот што го дишат.

Куманово викендов беше најзагаден град во све