За полесно да се ослободите од наталожените маснотии во текот на празниците, не треба да се воздржувате од храна, само да почнете со здрави оброци.

Ова е одличен и ефикасен предлог за детоксикациски оброк, а потребни се само суви смокви и јаболков оцет.

Оброкот се приготвува одвечер, а се пие наутро. Земете три суви смокви и убаво избоцкајте ги со чепкалка од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле 2 децилитри јаболков оцет. Нека отстојат преку ноќ. Изутрина изедете ги поткиселените смокви.

Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, искорситете ги следната ноќ да ставите нови три смокви на истиот начин. Тие два децилитри употребувајте ги седум дена, поголем дел од количината ќе ја впијат смоквите.

Осмиот ден земете нови два децилитри и постапката повторете ја уште една седмица. Третманот на детоксикација трае 14 дена.