Министерот за здравство, Венко Филипче, денес истакна дека најдоцна до понеделник пријавените за вакцинација на страната вакцинација.мк, ќе добијат термини. Во моментов приоритет имаат повозрасните граѓани кои се на возраст над 70 години, а помладите можно е подолго да почекаат. Границата ќе биде 40 години. Тие под 40 години нешто повеќе ќе почекаат“, посочи  Филипче.

Во текот на минатата недела тој изјави дека по направениот пресек на 30 април, сите пријавени ќе добијат термини до 15 мај, а денес го продолжи тој рок до понеделник, односно до 17 мај. На оние места каде бројката на повозрасни граѓани е исцрпена, се вакцинирале и 20-годишни и 30-годишни.

– Во некои општини поради помал број постари пријавени граѓани, добиле термини за вакцина и помлади, но еве пак ставаме акцент на повозрасните кои подоцна се пријавиле, објасни министерот.

Преку системот за вакцинација досега се пријавиле околу 160.000 граѓани.