Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во главниот град вкупно 151 лице суспектно и позитивно на Ковид-19 се наоѓа на лекување на инфективните одделенија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти, а 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67
пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.