Понекогаш, кога се чувствувате дека сте под стрес или напнати, обидете се да направите кратки вежби за истегнување на телото.

На тој начин, освен што ќе ги загреете мускулите и ќе ги раздвижите зглобовите, ќе успеете и да се ослободите од нервозата и стресот. Не е потребно да бидете професионален спортист за да посветите барем 30 минути од вашето време на ваквите вежби.

Исто така, истегнувањето е добро и по напорен тренинг, особено по возење велосипед, трчање или пливање. Мускулите лачат млечна киселина и при вежбите за истегнување се избегнува нејзино стврднување меѓу мускулните влакна.

  • Корисни се и за оние кои воопшто не се физички активни

Многу луѓе поминуваат по најмалку осум часа во канцеларија, седејќи, а тоа ги оптоварува колената и ‘рбетот. Кога вашето тело е подолго време во иста положба, се намалува тонусот на мускулите и нивната флексибилност.

Забележете дека често ви доаѓа инстинктивно да се протегнете по подолго време поминато во истата положба на телото.

Истото важи и за студентите, кои имаат многу часови предавања во текот на денот, или пак кои поминуваат многу време учејќи во иста положба.

  • Добро е и за умот

Освен физичката флексибилност на телото, вежбите за истегнување го ослободуваат вашиот ум и го прочистуваат од лошите мисли и напнатоста. Затоа, по вежбањето, ќе бидете поспособни правилно да размислувате и полесно да најдете решение на некој проблем. Вистина е дека физичката и менталната кондиција на вашите тело и ум одат „рака под рака“.

Најважно, како и во сè друго, е и овие вежби да ги правите умерено, без преголем напор. Многу поважно е да ги правите вежбите правилно, отколку брзо и напорно.

Кои начини на истегнување можете да ги практикувате?

  • Статично истегнување

Основни потези, како што се наведнување, наслонување на колената, допирање на ножните прсти од стоечка или седечка положба. Доброто во овие вежби е што можете да ги практикувате секаде и секогаш.

  • Динамично истегнување

Вежби кои комбинираат и движење и истегнување, кои одлично го загреваат телото пред спортување и ги зголемуваат флексибилноста и подвижноста, а истовремено согоруваат и многу калории.

  • Јога

Има многу видови и подвидови на јога, а специфично за оваа дисциплина е што комбинира и статично и динамично затегнување, но и ослободување на умот и релаксација.