Зависностите се комплексни, бидејќи не секогаш се работи за дрога, лекови, алкохол или храна на кои луѓето можат да се навлечат.
Тие може да се манифестираат во многу форми – психички, психолошки и бихевиорални – без разлика дали во нив е вклучена некаква хемиска зависност.
Многу луѓе можат да станат зависни од одредени дејства, чувства, однесувања и слично, а еве мал дел од необични зависности кои постојат:
1) Јадење стакло
Оваа зависност е екстремно опасна, но зависноста по својата природа не е водена од било каква причина, логика или желба личноста која ја има да се заштити од самоповредување. Зависноста од консумирање на стаклени материјали е наречена хијалофагија.
2) Јадење земја
Оваа зависност за јадење земја или глина е наречена геофагија и е дефинирана од психијатриска болест, па сè до реакција поврзана со сиромаштија. Иако таа е ретка во развиените земји, геофагијата е документирана во медицински извештаи кои датираат од 460 п.н.е.
3) Пирсање
Секој пат кога ставате нов пирс, телото ослободува ендорфини како одговор на болката од иглата која поминува низ кожата. Оваа болка ни овозможува да искусиме задоволство преку презентирање на адекватен контраст за нашиот мозок, па така многумина се навлекуваат на ставање пирсови бидејќи процедурата ја сметаат како еден вид на терапија преку која се ослободуваат од стресот.
4) Кварцање
За некои, користењето на кревети за кварцање може да стане повеќе од хоби – бидејќи експонирањето на УВ зраци исто така активира ослободување на ендорфини во мозокот, може да се развие зависност од тоа наречена танорексија.
5) Социјални мрежи
Според студија од 2012-та, над 8% од населението во САД и Европа се справува со зависност од социјални мрежи, а симптомите на оние зависни од постојано скролање низ Instagram, Facebook, Twitter и сл. и добивање на „лајкови“, се слични како оние кои ги искусуваат индивидуи кои се навлечени на разни супстанци.
6) Јадење моркови
Според студија од 1996-та, постои и зависност од јадење моркови чија база е бета каротенот кој може да ги реплицира компонентите на никотинот кои создаваат зависност. Симптомите на повлекување вклучуваат нервоза, раздразливост, несоница, глад и сл.
7) Јадење здрава храна
Преголемото фокусирање на здравата исхрана може да доведе до нарушување познато како орторексија. Кај оние со орторексија, опсесијата за јадење „правилно“ е толку голема што има спротивен, нездрав ефект и води кон неухранетост, стрес и намалување на квалитетот на животот.
8) Вежбање
Оние кои се зависни од вежбање тоа го прават и кога се повредени, до степен на самоповредување, а испуштање на тренинг доведува до анксиозност.
9) „Хординг„ (hoarding)
„Хордингот“ е нарушување наречено диспософобија и вклучува собирање и чување на предмети кои за повеќето луѓе се безвредни. Во многу случаи, оваа зависност влијае врз секојдневниот живот на единката, отежнувајќи го движењето низ стамбениот простор, па дури и загрозувајќи го здравјето.
10) Собирање книги
Зависноста од собирање на книги е наречена библиоманија и не се однесува толку на читање колку на поседување на книги. Многу библиоманијаци имаат по неколку копии од една иста книга – познат е еден тежок случај на Стивен Блумберг, човек во Ајова кој имал украдено повеќе од 23 600 книги, чија вкупна вредност била околу 5.3 милиони долари.