Заклучно со вчерашниот ден вкупно 196 119 граѓани се вакцинирани на вакциналните пунктови низ државата. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а се вакцинирале 12.211 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Со последните бројки, 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 36% од населението над 65 години и 30 % од населението над 60 години е исто така вакцинирано со барем една доза вакцина.
Во моментов се вакцинираат лицата над 70 години, но и оние кои се пријавиле на страната вакцинација.мк. Се вакцинираат и вработените лица во критичната инфраструктура. Процесот на масовна вакцинација се одвива во неколку регионални пунктови и тоа: Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.