Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски од Охрид, кој со некроза на нозете лани на 28 август за девет часа го преплива Охридското Езеро, иако има здравствен проблем годинава ќе трча за поддршка на лицата со ретки болести на традиционалната трка „Охрид трчаТ“ на 2 јуни.
Општината го прогласи Марко за почесен граѓанин на Охрид за неговиот подвиг.
Од Здружението за поддршка на луѓе со ретки болести „Живот со предизвици“ велат дека здравствениот проблем кој го има Марко го оттргнал од секојдневните физички активности, и се насочил кон единствената спортска активност која е во можност да ја прави – да плива.