Хуманитарна акција за собирање храна насловена „Нахрани 10 000″ денеска во Велес реализираа асоцијацијата „Сите Сити – Ајде Македонија” во партнерство со фондацијата „Импакт Нет”.
Акцијата се спроведува на национално ниво и освен во Велес, се реализираше и во Скопје, Битола, Кочани и Штип.
Според Исак Зафиров, од „Импакт Нет” фондацијата, одѕивот на граѓаните на денешната хуманитарна акција бил среден и биле собрани 60-тина пакети со храна, брашно, зејтин, шеќер, ориз грав, конзерви бисквити и други основни прехранбени артикли. Истите ќе им бидат поделени за социјално загрозени семејства од градот.
-Им искажуваме благодарност на сите граѓани кои денеска ја искажаа својата хуманост на дело и донираа храна за своите сограѓани од социјално загрозени семејства, а кои за жал се во тешка материјална состојба и едвај се прехануваат. Воедно ги повикуваме и останатите граѓани да ни се приклучат во претстојните вакви и слични хуманитарни акции и активности, повика Зафиров.