Институтот за јавно здравје за изминатите 24 часа регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 493
Куманово – 384
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –147
Тетово – 76
Струга – 66
Велес – 69
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -7
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен факултет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со ПЦР метода -12 и МАНУ – 8. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на КОВИД-19.