22 годишна бремена скопјанка почина од коронавирус во ГОБ 8 Септември

Во текот на изминатото деноноќие 22 годишна бремена скопјанка почина во најголемиот ковид центар во државава, ГОБ 8 Септември. Ова е најмладата жртва на коронавирусот која немала претходни коморбидитети, а…

Во текот на изминатото деноноќие 22 годишна бремена скопјанка почина во најголемиот ковид центар во државава, ГОБ 8 Септември. Ова е најмладата жртва на коронавирусот која немала претходни коморбидитети, а уште еден млад пациент на 28 години влезе во вчерашната статистика на починати.

Бремената скопјанка на 26-ти ноември била префрлена во Градската општа болница „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На ГАК била три дена поради комплицирана бременост. Здравствената состојба ѝ била многу лоша, па пациентката цело време била на респиратор. Третманот на респиратор продолжил и во ГОБ „8-ми Септември“ каде била донесена во критична состојба.

Здравствените власти уверуваат дека биле преземени сите мерки на интензивното лекување, но пациентката сепак починала вчера.

Државниот здравствен инспекторат најави дека од утре ќе се спроведува вонреден инспекциски надзор кој треба да утврди дали имало грешки во лекувањето.


Related Articles